2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЕлегантниот паметен часовник на НР (видео)

Елегантниот паметен часовник на НР (видео)

hp saat

Без оглед на убавиот паметен часовник „Moto 360“, и натаму постојат корисници, кои сепак со задоволство би имале уред кој со својот изглед ќе потсетува на традиционален часовник.

За сите оние кои најмногу би им одговарал паметен часовник со класична форма, „MB Chronowing“, кој го дизајнираше Мајкл Бастиан и го направи „HP“, би можел да биде вистинско решение.

Новиот паметен часовник е компатибилен со „Android“ и „iOS“ уредите, и ги комбинира сите фукции на паметен часовник со изглед на традиционален саат.

Покрај тоа, „MB Chronowing“ на корисникот му дозволува да ја контролира музиката која ја слуша директно од зглобот на раката, како и да проверува електронски и текстуални пораки, но и да го синхронизира календарот со алармот.

Уредот во продажба ќе се најде од 7-ми ноември по цена од 349 долари за основниот модел, додека верзијата со сафирно стакло ќе чини 649 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП