4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMOL сака да се шири во Словенија

MOL сака да се шири во Словенија

mol3jd7676t879898e90e

Унгарската компанија „MOL“ сака поголем пазарен удел во Словенија.

Засега унгарската компанија поседува 34 бензински станици и ја поседува третата најголема мрежа.

„MOL“ пазарниот удел значително го зголеми во 2011 година кога ги откупи бензинските станици од „Tush“.

Одговорното лице за трговија на мало во „MOL“ Ларс Хонглунд истакнува дека „MOL“ сака „значително“ зголемување на пазарниот удел во оваа земја.

„Словенија за „MOL“ е многу важна и има голем потенцијал. Има геостратешка позиција, најголем економски раст во регионот, а важна е и во контекст на транзитот“, заклучува Хоглунд.

Во Љубљана „MOL“ сеуште не е присутен, а тоа сепак останува цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП