5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNovartis го продаде делот за вакцини

Novartis го продаде делот за вакцини

novartis

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Novartis“ ќе ги продаде активности во секторот за вакцини против грип на австриската компанија „CSL“.

Својот дел од компанијата ќе го продадат за 275 милиони долари (217 милиони долари) во рамките на стратешката реорганизација, соопштија од „Novartis“.

Трансакцијата, која дури треба да се одобри од Агенцијата за заштита на конкурентноста, ќе биде завршена во втората половина на наредната година, се додава во соопштението.

„Novartis“ уште во април најави дека во иднина ќе се концентрираат на своите три главни сегменти: фармација, лекови кои се издаваат без рецепт и офтамологија, најавувајќи продажба на сите други свои активности.

Во склад со оваа најава, „Novartis“ го отстапи на британската куќа „GlaxoSmithKline“ комплетниот сектор за вакцини, освен одделот за грип, за 7.1 милијарди долари.

Оваа швајцарска групација за последните 30 години продаде близу милијарда дози вакцини против грип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП