14 февруари, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТој може да троши 1 милион долари на ден и ќе има...

Тој може да троши 1 милион долари на ден и ќе има пари за 220 години!

Mexican tycoon Carlos Slim remains the world's richest man

Десет луѓе во светот можат да си дозволат да потрошат по 1 милион долари на ден и покрај тоа да имаат доволно пари за најмалку 100 години.

Најбогатиот човек на светот е Карлос Слим од Мексико, кој поседува 80 милијарди долари. На Слим ќе му се потребни 220 години, за да го потроши своето богатство, проценуваат од „Oxfam“.

Вториот најбогат човек во светот, Бил Гејтс, има 79 милијарди долари, што е доволно за следните 218 години. Третиот е Амансио Ортега со 63 милијарди долари, а според пресметките тој своето богатсво може да го потрошен за 172 години.

Останатите седум лица кои имаат пари за повеќе од 100 години се Ворен Бафет, Лари Елисон, браќата Чарлс и Дејвид Кох, Лилиан Бетанкур, наследничка на францускиот козметички гигант „L’Oreal“, Кристи Волтон и Шелдон Аделсон.

Уште еден интересен факт од проучаването покажува дека Карлос Слим може да заработува по 11,6 милиони долари на ден само од камати, ако парите му се орочени во банка со камата од само 1,9%. Бил Гејтс може да добива по 11.5 милиони долари, а Ортега – 9.1 милиони долари.

Бројот на милијардери во светот според податоците на „Forbes“ веќе е 1645, кој порасна за 793 во последните 5 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП