Фолксваген во конечна производна форма ја претстави седмата генерација на „Golf GTI“ моделот, откако минатата година на саемот во Париз беше прикажан студискиот концепт. Германскиот производител на овој модел имаше строго конзервативен пристап, па така надворешниот изглед не се разликува премногу од редовниот модел.
Новиот спортски хечбек доби вообичаени стилски додатоци кои се очекувани за„GTI“, како што е украсната црвена линија под маската на ладилникот која се шири до светлата. Тука се и заматените задни светла, задниот спојлер, двојните издувни цевки, страничните додатоци, дифузерот и различниот сет на 17 инчните алиминиумски бандажи на кои се поставени гуми со 225/45.
Истиот третман е применет и на ентериерот со класичен тартан дизајн за спортските седишта, рамен управувач и црвено амбиентално светло. Тоа што го разликува новиот „Golf GTI“ во однос на постариот модел е платформата.
Новиот „Golf GTI“ е граден на MQB платформа и за 42kg е полесен од претходниот модел или со маса од 1351kg. Новиот модел исто така доби и нов 2.0 литарски четвороцилиндричен мотор со турбополнење и директно вбризгување, кој е понуден во две нивоа на снага и тоа 217ks за основниот модел и 227ks за „GTI Performance“ везија кој исто така располага со блокирање на диференцијалната предна оска.
Достапни опции за пренос вклучуваат стандарден, шестобрзински мануелен менувач или шестобрзински автоматски менувач. Во Фолксфаген наведуваат дека „GTI“ забрзува од 0 до 100 km / h за 6,4 секунди и може да достигне максимална брзина од 250 км / ч, за моделот со 227ks сили, додека послабата верзија со 217ks забрзаува за 6,9 секунди и максимална брзина на овој модел што може да ја развие е 240km / h.