2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКварталната добивка на Samsung намалена за 60 проценти

Кварталната добивка на Samsung намалена за 60 проценти

samsung_main_ap

Приходите на најголемиот светски производител на мобилни телефони, чипови и телевизори се на најниското ниво во последните две години, како последица на падот на продажбата на паметни телефони.

Опративната добивка на „Samsung“ во третиот квартал падна за 60 проценти во однос на истиот период минатата година, на 3,9 милијарди долари, најмногу поради слабеењето на продажбата на паметни телефони, па затоа, деловните резултати на овој гигант оваа година најверојатно ќе бидат најлоши од 2011 година.

Добивката на „Samsung“ во овој квартал е најмала од послениот квартал во 2011 година и тоа е веќе четврти квартал по ред како овој електронски див бележи пад на добивката на годишно ниво.

Приходите на компанијата се намалени на најниското ниво во последните две години. „Samsung“ во изминатиот квартал продаде 102 милиони паметни телефони, но неговиот удел на светскиот пазар е намален, главно поради засилената конкуренција.

Поради тоа добивката на одделот за паметни телефони на „Samsung“ во третиот квартал е намалена за речиси 74 проценти.

Од „Samsung“ најавија дека и покрај овој пад во изминатиот квартал, сепак, очекуваат зголемување на продажбата на паметни телефони во тековниот квартал, како и раст на продажбата на мемориски чипови и зголемена побарувачка на телевизори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП