17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа средбата во Брисел не се постигна договор за гасот меѓу Русија...

На средбата во Брисел не се постигна договор за гасот меѓу Русија и Украина

kiev gas rusia

На трилатералната средба во Брисел за гасот синоќа не беше постигнат договор. Се очекува преговорите меѓу Украина и Русија со посредство на ЕУ да продолжат денеска, изјави извор близок до преговорите.

Главниот спор е прашањето за финансиската поддршка на ЕУ за Украина, за да може Нафтогаз да исплати дел од долгот кон Газпром и да ги плаќа авансно новите порачки, истакна изворот.

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер прави се што е можно да издејствува договор за да ги гарантира испораки за Европа на рускиот гас, што транзитира преку Украина.

Преговорите биле прекинати кон четири часот утрово и веројатно ќе бидат обновени доцна попладнево.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП