28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle Fit притигнува на Android уредите

Google Fit притигнува на Android уредите

fit google 23

„Google“ ја претстави апликацијата „Google Fit“ која е наменета за уредите кои се базирани на оперативниот систем „Android“.

„Google Fit“ е платформа наменета да ги бележи сите фитнес податоци кои се собираат од „Android Wear fitness“ апликацијата, податоците од сензорите на корисниците на „Android“ уредите, како и компатибилните апликации кои користат „Fit API“.

Google Fit“ засега е прилично базична апликација, нуди увид во податоците за здравјето, како и фитнес активностите, а нуди можност за рачно вметнување на податоците кои сензорите ги намаат регистрирано.

Покрај приказот на сите собрани податоци, можно е од апликацијата да се побара изработка на одредени фитнес цели (како што е времето за вежбање или чекорите кои се потребни да се направат), т.е. да го следите напредокот.

Со цел да „Google Fit“ да може да се користи, потребно е да поседувате уред кој поддржува „Android 4.0“ или поголем. За максимално искористување на оваа апликација, сепак најдобро е да имате некој специјализиран уред за следење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП