8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот Dacia Duster Oroch (фото+видео)

Концептот Dacia Duster Oroch (фото+видео)

duster pick up

„Renault“ на саемот во Сао Паоло ќе го претстави „pick-up“ возилото „Oroch“ со два реда седишта, кое е засновано на моделот „Duster“. Станува збор за концепт со кој француската компанија најавува продукциска верзија на „pick-up“ за пазарот во Латинска Америка.

Моделите на „Daсiа“ во Бразил и Јужна Америка се продаваат како возила на брендот „Renault“, a „Duster“ е еден од најбараните автомобили во овој дел на светот.

duster pick up1

Од друга страна, „Renault“ објави податок дека од 920.000 лесни комерцијални возила колку годишно се продаваат на јужноамериканскиот пазар, 75% го сочинуваат „pick-up“ автомобилите.

Француската компанија сака дел од тој колач и планира на купувачите да им понуди најмалку два „pick-up“ модели од кои еден веројатно ќе биде базиран на „Duster“.

duster pick up2

Со цел да ги испита реакциите на експертската јавност и да дознае што потенцијалните купувачи сметаат за еден таков автомобил, „Renault“ го конструираше концептот „Duster Oroch“.

Aвтомобилот ќе биде претставен на саемот кој од 30-ти октомври до 9-ти ноември ќе се одржи во најголемиот бразилски град.

duster pick up3

„Renault“ не ги соопшти техничките детали и спецификациите на возилото, но врз основа на фотографиите се гледа дека тоа е подолго од класичниот „Duster“,

Концептот стилски е подобрен, со детали кои се карактеристички за „lifestyle“ возилата.

Исто како стандардната верзија на моделот „Duster“, и ова има два реда седишта и четири врати, а зад кабината се наоѓа покриен товарен дел.

„Oroch“ не е првиот „Duster“ кој е модифициран во „pick-up“ возило. Романскиот производител неодамна претстави пократката верзија со две врати и еден ред седишта, но тој автомобил е изработен исклучиво по нарачка за потребите на локалната нафтена компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП