3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПилотите го намалија профитот на Air France-KLM

Пилотите го намалија профитот на Air France-KLM

BN-FG473_1029ai_WN_20141028190816

Француско-холандската авиокомпанија „ Air France-KLM “ забележа остар пад на профитот поради двонеделниот штрајк на пилотите, но и бавното закрепнување на деловното опкружување.

Компанијата најави мерки за штедење со прилагодување на инвестициите и имотот.

Според проценката на компанијата, споменатиот конфликт влијаел оперативниот профит во третиот квартал да биде помал за околу 330 милиони евра, се вели во соопштението.

Во извештајниот квартал оперативниот профит изнесувал 247 милиони евра, додека во истиот период минатата година тој изнесувал 641 милион евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите се намалени за 416 милиони евра, на 6,69 милијарди (-6,7 проценти). Нето профитот на годишно ниво е помал за 32 проценти и изнесувал 100 милиони евра, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП