2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцускиот суд ја казни авиокомпанијата Ryanair

Францускиот суд ја казни авиокомпанијата Ryanair

ryanair-avion-l

Судот во Франција и нареди на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Ryanair“ да плати 8.1 милиони евра отштета, со казна од 200.000 евра поради кршење на францускиот закон за работни односи.

Апелациониот суд во Париз пресуди дека компанијата е виновна поради тоа што на работниците им давала исрски договори со цел да заштеди пари на платите и давачките, пренесуваат агенциите.

Социјалната потрошувачка во Франција се движи од 40 до 45 проценти, во однос на 10.75 отсто во Ирска.

„Ryanair“ ќе мора да плати отштета на синдикатите, францускиот социјален систем и пилотите.

Судот исто така и нареди на компанијата да ја објави пресудата во терминалот на аеродромот во Марсеј, како и да ја објави во четири весници.

Инаку, судот на оваа авиокомпанија во октомври 2013-та и нареди да плати отштета од скоро девет милиони евра, но „Ryanair“ во јуни оваа година поднесе жалба на пресудата.

Компанијата на аеродромот во близина на Марсеј има вработено 127 работници со договори кои не се во склад со францускиот закон за работни односи, без пријавување на приходите за оданочување во земјата.

„Ryanair“ се бранеше од обвинението наведувајќи дека нема постојана база на овој аеродром и поради тоа може да ги држи своите работници според ирските договори.

Меѓутоа, обвинителите овој аргумент не го усвоија, наведувајќи дека „не пијат нафта“ затоа што работниците за кои станува збор живеат во таа област и компанијата има канцеларија на аеродромот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП