30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Galaxy A5 – цена и спецификации

Samsung Galaxy A5 – цена и спецификации

a samsung

Детали во врска со „А“ линијата на „Samsung“ веќе некое време се појавуваат на интернет во вид на гласини, но најновата информација ни дава малку повеќе податоци во врска со неговата цена и спецификациите.

„A“ линијата ќе ги следи истите насоки како и „Samsung Galaxy Alpha“ и ќе ја сочинуваат три уреди – „Galaxy A3“, „A5“ и „A7“.

Претходните гласини тврдеа дека „Galaxy A5“ ќе чини околу 400 долари, но новите информации најавуваат дека таа ќе биде поголема.

Новите податоци доаѓаат од интернет страна од Казакстан, и ако може да им се верува, „A5“ ќе чини 550 долари.

На интернет страната можат да се видат и спецификациите, кои вклучуваат 5-инчен „Super AMOLED HD“ дисплеј, 1.2GHz „dual core“ процесор, 13MP камера и „microSD“ слот.

Ова се соглсува со претходните шпекулации кои исто така укажуваа и на 16GB интерна меморија и 2.330mAh батерија.

„Galaxy A“ линијата претставува обид на корејскиот производител да го прошири изборот на уреди од ралични материјали, особено од метал кој е присутен на „HTC One M8“ и „iPhone 6“.

Секој од новите „Samsung“ уреди ќе поседува метално куќиште од еден дел, како и 64-битен процесор, „Android Lollipop“ и сензор за отисок.

„Samsung“ не потврди ниту една од овие гласини, но со оглед на прецизноста на информациите, веројатно наскоро ќе бидеме во можност да видиме и официјално претставување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП