4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанија победник на футсал турнирот во "Борис Трајковски"

Шпанија победник на футсал турнирот во “Борис Трајковски”

futsal

Шпанската футсал репрезентација го освои турнирот што изминатите два дена во организација на Фудбалската федерација на Македонија се одржуваше во Спортски центар „Борис Трајковски“.

Шпанците синоќа во финалето ја совладаа Македонија со убедливи 6:1 и ја докажаа својата надмоќност во однос на другите учесници на овој меѓународен турнир.

Повеќекратниот европски првак уште по првото полувреме во кое оствари предност од 2:0 ја најави победата.

За разликата да не биде поголема се погрижи нашиот голман Илчо Удовалиев кој со своите одбрани го заслужи признанието најдобар голман на турнирот.

Во предигра на финалето за третото место се бореа двете поразени селекции од полуфиналните средби. Поуспешна беше Турција кој по изведувањето на пенали ја победи
Финска. з

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП