Според резултатите од истражувањето на холандската компанија „Adyen“, Европа е водечка во светот според прифаќањето на мобилното плаќање.
Истражувањето го опфаќа периодот пред лансирањето на „Apple Pay“, па поради тоа можно е состојбата во меѓувреме да се променила. Генерално на мобилните уреди се 23,3% од сите плаќање преку Интернет во трите месеци заклучно со 30-ти септември, што е раст во однос на 21,5% во претходните три месеци кои завршија на крајот на јуни.
Европа беше лидер со удел од 24% меѓу сите мобилни плаќања. Следи Азија со удел од 17%, но таму е забележан и најголемиот раст, од 58% во однос на една година претходно. Северна Америка го задржа истиот удел како и во претходниот квартал, односно околу 16,7%.
Истражувањето се темели на глобалните податоци за плаќањата преку интернет кои ги има „Adyen“, т.е. не ги опфаќа трансакциите внатре во апликациите.