
LG ќе го прекине производството на плазма телевизори. Тоа ќе се случи до крајот на ноември, објави компанијата, цитирана од агенцијата „Reuters“.


LG ќе го прекине производството на плазма телевизори. Тоа ќе се случи до крајот на ноември, објави компанијата, цитирана од агенцијата „Reuters“.
Самото решение на компанијата е најавено во известување до властите во Јужна Кореја. Причината е намалената побарувачка на плазма телевизори, кои губат се повеќе и повеќе позиции за сметка на „LCD“ и „OLED“ моделите.
Одлуката на „LG“ е очекувана. Веќе многу од производителите се откажаа од плазма моделите.
До крајот на ноември годинава и „Samsung“ исто така ќе го прекине производството на овој тип телевизори. Компаниите ќе се фокусираат на развивање на „OLED“ и „LCD“ телевизорите, кои се поевтини, што ги прави и најпосакувани од корисниците.