
Македонската футсал репрезентација ќе игра во финалето Меѓународниот турнир кој се игра во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.


Македонската футсал репрезентација ќе игра во финалето Меѓународниот турнир кој се игра во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
„Црвено-жолтите“ за финалето се изборија по драматичната победа над Финска, синоќа со 5:4.
На пет минути пред крајот Финска водеше со 4:3, но нашите фудбалери успеаја да постигнат два гола во финишот и да се изборат за дуел против Шпанија.
Шпанците во првото полуфинале беа убедливи против Турција со резултат 11:1.
Финалето ќе се игра вечерва од 21 часот и 30 минути.
Два часа пред тоа за третото место ќе се борат Финска и Турција.