27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУбиен голманот на јужноафриканската репрезентација

Убиен голманот на јужноафриканската репрезентација

senzo

Голманот и капитен на фудбалската репрезентација на Јужна Африка, Сенцо Мејива е убиен во главниот град на оваа држава Јоханесбург.

Трагедијата се случила во куќата на девојка на Мејива каде голманот отишол после победата на неговиот тим Орландо Пајратс против Ајакс Кејптаун во четвртфиналето на Лига купот.

Тамошната полиција ја потврди смртта на Мејива, но не откри повеќе детали за несреќата, а најави обраќање кон јавноста по завршување на истрагата.

Во светските медиумите се појавија информации според кои убиството се случило кога Мејива се обидел да спречи крадец кој влегол во куќата и се обидел да и го одземе мобилниот телефон на неговата девојка.

Крадецот веднаш почнал да пука и ја погодил жртвата во глава.

На последните репрезентативни настапи Мејива беше несовладлив на голот на националниот тим.

Тој не прими гол на четири натпревари во низа за Јужна Африка во квалификациите за африканскиот Куп на нации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП