19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlitalia отпушта 994 работници

Alitalia отпушта 994 работници

alitalia

Најголемата италијанска авиокомпанија „Alitalia“ планира да отпушти 994 работници.

Повикувајќи се на документ од Управата на авиокомпанијата и неколку синдикати, агенцијата „Adnkronos“ наведува дека компанијата ќе отпушти 879 членови од администрацијата, 61 пилот и 54 стјуардеси.

Документот е потпишан од четири работнички синдикати кои ги бранат правата на работниците во транспортот.

Намалувањето на бројот на вработените беше еден од условите во договорот кој го потпишаа „Alitalia“ и „Etihad“, со цел продажба на 49 проценти од уделот во компанијатa на авиокомпанијата „Etihad“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП