10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИProject Ara ќе се продава преку online продавница?

Project Ara ќе се продава преку online продавница?

proekt ara

Модулите од смартфонот „Project Ara“ ќе се продаваат „online“, во продавница како „Play Store“, каде програмерите исто така ќе можат да ги поставуваат своите модуларни делови за продажба.

Ова се информации кои доаѓаа од официјални лица од „Google“. Технолошкиот гигант „Project Ara“ го претстави во октомври 2013-та година, а станува збор за проект кој на корисниците им овозможува да ги составуваат и менуваат деловите на својот „Android“ телефон, нешто како „Lego“ коцки.

Пол Еременко, директорот на „Project Ara“ објави дека корисниците ќе можат да купуваат делови за модуларниот телефон, како и дека програмерите ќе можат да ги поставуваат своите модули и да ги продаваат во оваа специјална продавница.

„Секој може да креира модул според спецификациите од програмерскиот „кит“ и да го постави „Ara“ модулот во продавницата, која е аналогна на „Google Play Store“, па така да може да го продава на корисниците“.

Основниот телефон од „Project Ara“ се очекува во јануари 2015-та година, по цена од околу 50 долари. Засега не е сигурно колку бргу по лансирањето може да се очекува појавата и на „third-party“ модулите во продавницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП