7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНе гледајте кон небото, ѕвездите се на „Бернабеу“!

Не гледајте кон небото, ѕвездите се на „Бернабеу“!

rm bars

Едно од најголемите фудбалски ривалства во светот повторно е на програмата. Реал Мадрид е домаќин на Барселона во првото за сезоната „Ел Класико“, што може да даде одговори на многу прашања.

Ако Лионел Меси поентира вечерва, тогаш тој ќе го израмни рекордот на Телмо Сара за најмногу голови во шпанското првенство. Аргентинецот веќе е неоспорен рекордер по постигнати погодоци во самото „Класико“ со своите 21 гола.

rm bars2

Со огромно нетрпение се очекува и дебито на Луис Суарез за „каталонците“. Казната на Уругваецот истече и тренерот Луис Енрике гарантира дека тој ќе добие минути на теренот. Колку точно, сепак останува неизвесно.

Натпреварот ќе биде посебен и за самиот Енрике. Тренерот на Барса има цели 4 сезони во дресот на Реал, пред да отиде на „Камп Ноу“. Ова го прави еден од најомразените луѓе од навивачите на „кралевите“.

Real Madrid CF Training and Press Conference

Се очекува тренерот на Реал, Карло Анчелоти да ја отвори играта, а шемата со Бензема и Роналдо во нападот, потпомогнати од Хамес, Крос, Модирќ и Иско, кои пак ќе ги влечат конците во средината на теренот.

Што се однесува до Барса, местото на голот повторно треба да го заземе Клаудио Браво. Бускетс, Ракитиќ и Чави ќе треба да ги организираат нападите на Барселона, се очекува Иниеста исто така да биде стартер. За голови ќе се чека на Меси и Нејмар.

FC Barcelona v Real Madrid CF - La Liga

Вкупен број на официјални натпревари – 228:

Победи за Реал Мадрид: 91.

Победи за Барселона: 89.

Реми: 48.

Натпревари во Примера – 168:

Победи за Реал Мадрид: 70.

Победи за Барселона: 66.

Реми: 32.

Вкупен број натпревари плус контроли – 260:

Победи за Реал Мадрид: 95.

Победи за Барселона: 106.

Реми: 58.

Веројатни состави:

Реал: Касиљас, Карвахал, Рамос, Пепе, Марсело, Иско, Крос, Модриќ, Родригез, Роналдо, Бензема.

Барселона: Браво, Алвес, Матео, Пике, Алба, Чави, Бускетс, Иниеста, Ракитиќ, Нејмар, Меси,

„Сантијаго Бернабеу“, Мадрид, 18:00 часот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП