8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМВР и ракометарите на Вардар против насилството на спортските терени

МВР и ракометарите на Вардар против насилството на спортските терени

vardar-rakomet-publika

Во рамките на проекот „Скопје-град без насилство“ за подобрување на безбедноста на јавни места и зголемување на толеранцијата меѓу младите денеска пред објектот на спортскиот центар „Јане Сандански“ во населба Аеродром ќе почнат активности за превенција на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и подигање на свесноста на спортските навивачи во таа насока.

Непосредно пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ЖРК „Вардар“ и ЖРК „Туринген“ од Германија на влезот од СЦ Јане
Сандански, ќе бидат изложени два пулта со промотивни материјали со испечатено мото (навивачки шалчиња и удиралки за навивање).

Полициските службеници заедно со претставници-ракометари од машкиот ракометен клуб „Вардар“ и ученици од средното училиште „Владо Тасевски“ (кои се вклучени во едукативни работилници во рамките на проектот), пред почетокот на натпреварот, на посетителите ќе им поделат промотивен материјал.

Претставниците на Црвен крст на Македонија ќе изложат кутии за собирање донации кои ќе служат за оставање метални парички наменети за хуманитарни цели.

Проектот го реализира Одделението за превенција при СВР Скопје, со поддршка од Одделот за развој на полиција при Мисијата на
ОБСЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП