19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAurora - еден од ретките смартфони на Philips (фото)

Aurora – еден од ретките смартфони на Philips (фото)

aurora philips

Доколку на вашиот пребарувач впишете „Philips“, најголем број од одговорите ќе се однесуваат на нивните монитори, телевизори или некои други уреди, додека најмал број на инфромации може да се поврзат со смартфоните кои го имаат логото на оваа компанија.

Причината за тоа е што паметните телефони се уште не се примарен интерес на „Philips“, но тоа не значи и дека компанијата од време на време не претставува некој модел.

Новиот модел на смартфон доаѓа под името „Aurora i966“ и „Philips“ го изработи во соработка со кинеската компанијата „Alibaba“. Веќе на прв поглед може да се заклучи дека нема да биде дел од најевтините, па ниту од средната ценовна класа, туку „Philips“ со овој модел цели на самиот врв.

aurora philips1

„Aurora“ доаѓа со „QHD“ екран со големина од 5.5-инчи, па поради тоа резолуцијата изнесува големи 2560 x 1440 пиксели. Уредот ќе го користи добро познатиот процесор на „Qualcomm“ со четири јадра „SoC – Snapdragon 801“ кој е со работен такт од 2,5 GHz. „Philips“ не штедеше ниту кога станува збор за меморијата, па така „Aurora“ располага со 3 GB RAM и со 32 GB интерна меморија.

Вградените камери ќе им се допаднат на сите љубители на „селфи“ фотографии. Имено, „Aurora“ доаѓа со задна камера (Sony IMX220 Exmor RS BSI sensor) со резолуција од 20.7 MP, додека предната има нешто помала – 8MP. Со цел фотографиите да бидат со подобар квалитет навечер, „Philips“ на задната страна додаде и двоен „LED“ блиц. „Aurora“ се напојува со помош на батерија чиј капацитет изнесува точно 3000 mAh.

aurora philips2

Овој „топ“ модел на „Philips“ исто така може да се пофали и со читач за отисок на прстот, кој се наоѓа на задната страна на куќиштето, веднаш под „LED“ блицот. Од „Philips“ не заборавија ниту на „LTE“, „Wi-Fi“, „Bluetooth“ и „GPS“ поддршката. Доколку Ве заинтересира овој модел ќе мораме да Ве разочараме, затоа што истиот најверојатно никогаш нема да пристигне на пазарите надвор од Кина.

За тоа најдобро сведочи изборот на оперативниот систем – „YunOS 3.0“, кои иако се темели на „Android“, не е прилагоден за употреба надвор од Кина. Цената на уредот е во рангот со останатите „топ“ модели на другите производители – 600 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП