17 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајавен штрајк на персоналот на ЧСА

Најавен штрајк на персоналот на ЧСА

csa

Персоналот на чешката авиокомпанија ЧСА, најави штрајк в четврток, 30 октомври, поради актуелните отпуштања и намалувања на платите, јави дописникот на МИА од Прага.

Авиокомпанијата, по судски пат побара обезбедување на прелиминарна забрана за штрајкот и доколку тоа не успее ќе биде воведен посебен режим за што помалку да биде ограничен воздушниот сообраќај.

Раководството на ЧСА, од вчера дели отказни решенија, а за најавеното реструктуирање кое предвидува намалување на платите и масовни отпуштања има поддршка и од малцинскиот сопственик „Кореан Ер“.

Според претходните најави, ќе бидат отпуштени 77 пилоти, 66 вработени во администрацијата и над 170 членови на екипажот.

Минатата година ЧСА покажа загуба од 34,1 милиони евра.

Во моментот чешката авиокомпанија, каде мнозински сопственички удел има државата, вработува 230 пилоти, 400 членови на останатиот екипаж и речиси 270 административци. Во 2010, оваа компанија имаше над 2.000 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП