19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанката Lloyds отпушта 9.000 вработени

Банката Lloyds отпушта 9.000 вработени

_78466147_78466146

Британската банка „Lloyds“ планира отпуштање на 9.000 вработени во наредните три години, односно околу десет проценти од вкупната работна сила, јавува „BBC“.

Ваквото сооопштение од „Lloyds“ се очекува наредниот вторник, кога извршниот директор на компанијата, Антонио Орта Осорио, ќе ја претстави тригодишната стратегија за работењето на банката, и ќе го најави потенцијално затворање на некои гранки.

Се верува дека до отпушање на вработените ќе дојде поради преориентирањето на клиентите од физичките гранки на онлајн банкарството.

Од 2008 и 2009 година кога банката „Lloyds“ беше на работ на колапс, во таа банкарска инситуција беа отпуштени околу 30.000 вработени, при што во рамките на тригодишниот план од 2011 година беше најавено укинување на уште 15.000 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП