
Во Њујорк за 905.000 долари беше продаден еден од првите компјутери на компанијата „Apple“, пренесоа агенциите.


Во Њујорк за 905.000 долари беше продаден еден од првите компјутери на компанијата „Apple“, пренесоа агенциите.
Компјутерот е од серијата „Apple -1“ и се наоѓал во работна состојба. Тој бил од првата серија слични уреди, а бил направен во текот на летото на 1976-та година, од еден од основачите на компанијата, Стив Вознијак. Тој и неговите соработници направија 50 такви компјутери во една гаража во Калифорнија. Таа им припаѓала на родителите на другиот основач на „Apple“ – Стив Џобс.
„Apple -1“ е еден од првите уреди кој предизвикал револуција во областа на компјутерите. Во подоцнежна фаза биле создадени уште стотина уреди од истиот модел. Во 1976-та година тие чинеле 500 долари, а следната – 660 долари.
Првичната проценка на аукциската куќа „Bonhams“ за реткиот компјутер пред неговата продажба на аукција беше меѓу 300 и 500 илјади долари.