28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMichelin ја намали прогнозата за продажбата

Michelin ја намали прогнозата за продажбата

michelinmichqnx283jslx

Францускиот производител на автомобилски и камионски гуми „Michelin“ ја намали прогнозата за продажбата за 2014 година во контекст на намалувањето на побарувачката во Европа и земјите во развој.

Тоа се одрази на приходите во третиот квартал оваа година.

„Michelin“ во периодот јули-септември забележа приходи од 4,88 милијарди евра, со пад од 4,6 проценти на годишно ниво, пренесува Ројтерс.

За првите девет месеци падот изнесува 4,7 проценти, при што неповолниот валутен ефект на приходите изнесувал 1,9 проценти.

Како што се наведува во соопштението, за наредните месеци „Michelin“, во опкружувањето кое се карактеризира со макроекономски нестабилности и геополитички потешкотии, очекува поголема побарувачка во Северна Америка и Кина и стабилност во Европа.

Меѓутоа, продолжувањето на слабата побарувачка за камионските гуми регистрирано во вториот квартал, особено во Европа и во земјите во развој, со исклучок на Кина, влијаеше на тоа оваа компанија да ја намали прогнозата за стапката на раст на продажбата за цела година на 1,0 до 2,0 проценти, наместо 3,0 проценти, како што предвидуваше претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП