21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank би можела да биде казнета со 5,1 милијарди долари

Deutsche Bank би можела да биде казнета со 5,1 милијарди долари

deutshe bank12mn

Банките во светот би можеле да платат 41 милијарда долари казни поради манипулацијата со девизните курсеви, во постапката која се води во САД.

Според студијата која ја направи „City Group“, со најголема казна би можела да биде казнета „Deutsche Bank“ – со 5,1 милијарди евра, пишува „Handelsblatt“. Таа казна би можела да биде изречена во постапката за израмнување со истражните органи.

Студијата не ја зема во предвид соработката на оделни банки со истражувачките органи, поради која би можела казната да им биде намалена или дури и укината, пишува весникот.

Ова би било само една и веројатно најголема, во серијата казни кои во последните години поради злоупотреба во работењето мораше да ги плати најголемата германска банка.

Неодамна на наследниците на починатиот германски медиумски магнат Лео Кирх, банката мораше да им исплати 925 милиони долари поради штетата која, во едно интервју на еден раководител на банката, ја нанесе на „Кирховата империја“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП