18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовак стана татко!

Новак стана татко!

nole i jelena

Моментално светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена добија син кој го нарекоа Стефан.

„Се роди нашиот ангел Стефан, многу сум горд на мојата преубава сопруга Јелена. Благодарам на сите на поддршката“, напиша гордиот татко на „Твитер“.

Најдобриот српски тенисер и неговата сопруга синоќа станаа родители на машко бебе. Јелена се породи во Монте Карло, а мајката и бебето се чувстуваат добро.

Семејството Ѓоковиќ синоќа започна со славење во својот стан во Нов Белград. Големата прослава се очекува во наредните денови.

Новак по повод убавата вест се огласи и на „Фејсбук“.

„Ние сега сме тројца и пресреќни сме!!! Горд сум на мојата убава сопруга која го роди нашиот прв ангел Стефан. Им благодарам на сите“, напиша Новак, а честитки пристигнуваа од сите страни.

 

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП