10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови потреси во Охридско - што нудат осигурувањата

Нови потреси во Охридско – што нудат осигурувањата

Vienna-Insurance-Group

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 12 часот и 32 минути, регистрира земјотрес со јачина од 3.6 степени според Рихтеровата скала. Потресот е регистриран во охридското епицентрално подрачје, а неговиот епицентар се наоѓа на 100 км југозападно од Скопје.

Според досегашните макро-сеизмички податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од IV степени според Европската макро-сеизмичка скала.

Повремените потреси и грижата за сигурноста на домот влијаат и врз интересот на граѓаните за осигурување на ризик од земјотрес. Така Винер Осигурување во пакетот „ Премиум “ освен ризик од кражба, од пожар, излевање и штета кон соседите покрива и ризик од земјотрес, а чини 1.998 денари годишно, за просечен трисобен стан. Цената и насочувањето на осигурувањето е според потребите, но и можностите на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП