Минатата година некаде во исто ова време се појавија гласини дека „Lenovo“ сака да ја купи канадската компанија „BlackBerry“, но на крајот ништо конкретно не се случи. Сепак постои шанса 2014-та година да биде година на „Lenovо“ и конечно да успее во своите намери.
Имено, повторно се појавија информации дека „Lenovo“ повторно е заинтересиран за купување на „BlackBerry“ и тоа не на истоимените уреди, туку на делот кој се занимава со изработка на смартфони. За сериозноста на гласините би требало да се напомене дека информацијата потекнува од извори блиски до „Lenovо“.
Според нив, „Lenovo“ оваа недела има намера да ја достави својата понуда на „BlackBerry“ во која ќе понуди цена од 15 долари по акција. Исто така се споменува и податокот дека „Lenovo“ одлучен да оди до максимална цена од 18 долари по акција, доколку биде потребно.
Сепак, тешко е за верување дека од „BlackBerry“ ќе ја прифатат оваа понуда на „Lenovo“. Имено, слични понуди не беа прифатени ниту во времето кога компанијата беше во криза, па немаат причина тоа да го сторат кога компанијата колку толку се враќа на старата патека на слава. Потсетуваме, според податоците кои ги објави самата компанија, новиот смартфон – „Passport“, одлично се продава, а и новиот модел „Classic“ наскоро ќе биде претставен.
Нормално, како и секогаш треба да се земе во предвид дека, сепак станува збор само за гласини.