18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPhilips забележа загуба во третиот квартал

Philips забележа загуба во третиот квартал

philips-Innovation-Hub-Africa

Холандската компанија „Philips“ во третиот квартал забележа загуба главно поради намалувањето на побарувачката за медицинска опрема и уредите за осветлување во Русија и Кина.

Холандската компанија во третиот квартал оваа година имала нето загуба од 103 милиони евра додека прометот изнесувал 5,5 милијарди евра. Во истиот период пред една година нето профитот изнесувал 281 милиони евра, а прометот 5,6 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Забележаната загуба е последица на судскиот спор со швајцарскиот производител на медицинска опрема „Masimo“ во кој на „Philips“ му беше изречена казна од 366 милиони евра.

Холандската компанија основана во 1891 година, соочена со силната конкуренција од „Samsung“ и „LG“ во време кога пазарите се свртуваат кон штедливите светилки, минатата година го продаде своето одделение за електроуреди, а во моментов работи на оделување на секторот за медицинска опрема и одделението за осветлување.

Секторот за производство на медицинска опрема „HealthTech“ минатата година оствари приходи од 15 милијарди евра, а секторот за производство на сијалици и осветлувања седум милијарди евра. Вредноста на „HealthTech“ се проценува на повеќе од 100 милијарди евра, а секторот за осветлување на 60 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП