Мобилната апликација на „Apple“ за плаќање започна со работа на 20-ти октомври, така што им овозможи на корисниците да плаќаат во продавниците со помош на „iPhone 6“ или „iPhone 6 Plus“.
Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук ова го најави на посебен настан во седиштето на компанијата во Купертино.
Програмата на корисниците им дозволува да купуваат работи со едноставно држење на „iPhone“ уредот над безконтактниот читач во сите продавници кои соработуваат со „Apple“ на оваа идеа.
Со цел потрошувачите дополнително да се заштитат, „Apple Pay“ ги задржи безбедносните аспекти, како што е „Touch ID“ (идентификацијата на допир) или лозинка за авторизација на секое плаќање, како и користење на токен по пат на услугата „MDES“.
При купување во продавниците, корисниците можат едноставно да плаќаат така што ќе го доближат својот „iPhone“ до читачот и ќе го стават прстот на „Touch ID“ опцијата на екранот или ќе ја напишат лозинката, а нивната трансакција ќе биде реализирана за неколку секунди.
„Apple Pay“ исто така содржи и „online“ компоненти за олеснување и користење на е-трговија.
Безконтактното плаќање од 20-ти октомври ќе биде прифатено и на продажните места на некои од најпосетените трговци во САД вклучувајќи ги „Subway“, „Toys R’ Us“, „Walgreens“, „Whole Foods Market“ и во сите продавници на компанијата „Apple“.