3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилен скок на добивката на Electrolux

Силен скок на добивката на Electrolux

A man walks past an Electrolux shop in Riga

Шведскиот производител на апарати за домаќинство „Electrolux“, објави денеска дека нето добивката во третиот квартал надминала 42 проценти, благодарејќи на мерките за штедење кои стартуваа на крајот на минатата година.

Па така, компанијата во периодот од јули до септември забележала нето добивка од 933 милиони круни (102 милиони евра).

Приходите се зголемени за 5.6 проценти или на 28.78 милијарди круни.

Во „Electrolux“ истакнуваат дека во Европа забележале подобри резултати благодарејќи на намалувањето на трошоците и подоброто управување со портфолиото на производи. Намалувањето на трошоците опфати и намалување на бројот на вработени за три проценти.

Во септември „Electrolux“ зa 3.3 милијарди долари го купи работењето со домашните уреди на американски „General Electric“ во склоп со планираното ширење на американскиот пазар и двојното зголемување на продажбата во тој регион. Трансакцијата би тербало да биде завршена следната година.

„Electrolux“ работи од 1919-та година и продава повеќе од 50 милиони производи годишно во повеќе од 150 земји во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП