19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft наскоро ќе претстави паметен часовник

Microsoft наскоро ќе претстави паметен часовник

mic saat

Aмерикански „Forbes“ дознава дека „Microsoft“ се подготвува за лансирање на преносен уред во наредните недели. Според нивните информации станува збор за разновиден паметен часовник со можности какви имаме видено и кај другите производители, следење на здравјето на корисникот, мерење на пулсот и слично.

Меѓутоа, една особеност би требало да го издвои овој часовник од конкуренцијата. Уредот на „Microsoft“ ќе биде компатибилен со повеќе мобилни платформи, нормално доколку може да им се верува на изворите на „Forbes“.

Покрај „Windows Phone“, овој паметен часовник ќе може да се поврзе и со мобилните телефони кои се засновани на „Android“ или пак „iOS“. Батеријата со едно полнење би требало да издржи дури два дена.

Покрај претставувањето кое треба да се случи во наредните неколку недели, „Microsoft“ планира овој уред набргу да го пушти во продажба, нешто пред новогодишните и божиќните празници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП