1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVertu смартфон од „средна“ класа (видео)

Vertu смартфон од „средна“ класа (видео)

Vertu-Aster111

Производителот на луксузни мобилни уреди „Vertu“ го претстави на пазарот својот нов „Android“ смартфон – „Aster“.

„Aster“ располага со 4.7-инчен „Full HD“ екран со густина од 473 пиксели на инч и 13 мегапикселна камера. Обичниот модел, направен со телешка кожа е со цена од 6.900 долари.

Овој смартфон доаѓа во пет различни варијанти со природна кожа по избор – црна телешка, црвена телешка, телешка со боја на морска бранови, црна и портокалова змиска кожа и кожа од ној со боја на коњак.

Цената се зголемува во однос на тоа колку егзотичен е материјалот од кој е направен. Тој што е со кожа од ној чини 9.500 долари. Цената е речиси 10 пати повисока од „iPhone 6“.

Куќиштето е направено од титаниум класа „V“ и сафирно стакло, кој според „Vertu“ е тестиран на температури од – 45 до + 80 степени целзиусови. Новиот „Aster“, сепак е средна класа од моделите на „Vertu“.

Претходно во текот на годината беше пуштен „Signature Touch“, чија цена е помеѓу 10.000 и 22.000 долари. Секој паметен телефон од брендот „Vertu“ се составува рачно во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП