18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПилотите на Lufthansa денес ќе стапат во штрајк

Пилотите на Lufthansa денес ќе стапат во штрајк

lufthansa pilotii

Здружението на синдикатите на пилотите на германскиот авиопревозник „Lufthansa“ соопшти дека пилотите од авионите „Airbus 320“ и „Boeing 737“ на ова компанија од денес ќе стапат во штрајк.

Синдикатот „Kokpit“ наведе дека штрајкот започнува во 13.00 часот по средноевропско време и ќе трае до 24.00 часот во вторник.

Пилотите на „Lufthansa“ на средината на септември го откажаа најавениот штрајк бидејќи раководството соопшти дека сите летови од Франкфурт ќе бидат обавени по редослед.

Тој штрајк следи по неколкуте штрајкувања во последниот месец на пилотите на „Lufthansa“ во Минхен и пилотите на нискобуџетната авиокомпанија „Germanwings“, филијала на „Lufthansa“.

Штрајкувањата досега компанијата ја чинеа 70 милиони евра.

Пилотите и управата не се согласуваат околу условите за заминување во предвремена пензија со 55 години, бидејќи авиокомпанијата сака да го укине надоместокот за предвременото заминување во пензија.

Досега предвремено пензионираните пилоти добивале 60 проценти од платата до 65 години, возраст за редовно заминување во пензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП