21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПадна компјутерскиот систем на „Туркиш Ерлајнс“ во Истанбул

Падна компјутерскиот систем на „Туркиш Ерлајнс“ во Истанбул

TC-JDK-Turkish-Airlines-Airbus-A340-300_PlanespottersNet_306416

Синоќа падна компјутерскиот систем на турската авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс“ на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, поради што пред шалтерите се формираа големи редици од патници, а голем број летови беа откажани.

Вработените на аеродромот подоцна почнаа да издаваат рачно напишани билети со имињата на патниците и броевите на нивните седишта, што создаде дополнителен хаос на аеродормот „Ататурк“.

„Туркиш Ерлајнс“ не даде никаво соопштение во врска со причините за падот на копјутерскиот систем.

Но, на социјалните мрежи веднаш се појавија тврдења дека хакери го блокирале системот на авиокомпанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП