6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБилетите за „Ел Класико“ беа распродадени за 20 минути

Билетите за „Ел Класико“ беа распродадени за 20 минути

elklasiko 35

За 20 минути беа откупени сите билети кои беа пуштени во слободна продажба за супердербито на Шпанија помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Најголемиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ на 25-ти октомври од 18:00 часот, а засега се сигурни 84 илјади гледачи на трибините.

Најевтините билети за „Ел Класико“ се 56 евра, најскапите 272 евра, а 65 илјади од картите беа резервирани за сопствениците на сезонски билети.

Од раководството на Реал особено ги замолија симпатизерите да соопштат доколку нема да одат на натпреварот, со цел да не остануваат празни места на „Бернабеу“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП