10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook ви помага за време на природни катастрофи

Facebook ви помага за време на природни катастрофи

fb bezbednost opcija

Популарната друштвена мрежа „Facebook“ претстави нова опција која се нарекува „Safety Check“, која на вашите пријатели и познаници ќе им испрати известување за вашата положба и здравје во случај на природна катастрофа.

Доколку се најдете во некоја област погодена од катастрофа, „Facebook“ ќе ви испрати „push“ нотификација и ќе ве праша дали е се во ред.

Покрај тоа, можете да погледнете кои ваши пријатели направиле идентичен потег и преку „Safety Check“ објавиле дека е се во ред (важи и за пријателите кои исто така се наоѓаат во зона на катастрофа).

Покрај објавата дека се е во ред, корисниците имаат опција да пишуваат коментари.

„Facebook Safety Check“ опцијата е достапна преку интернет, како и преку мобилните уреди („Android“, „iOS“ и други).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП