28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗошто кабриолетите веќе не им се интересни на купувачите?

Зошто кабриолетите веќе не им се интересни на купувачите?

eos 435

Чувството на слобода кога се вози по убав сончев ден, непречен поглед на околината и, во крајна линија привлекување на вниманието на минувачите додека се возите во кабриолет, секогаш беа најсилен адут на моделите со отворен покрив. Сепак, според најновите истражувања кои ги опфати Европа и Северна Америка, продажбата на кабриолети забележа пад за половина во однос на 2007-ма година.

Студијата која ја направи „Autofacts“ покажува дека бројот на продадени автомобили со отворен покрив на овие пазари е намален од 827.000, колку што биле испорачани во 2007-ма, на 444.000 кабриолети, колку се продадени во 2013-та година.

Се смета дека една од причините за ваквото движење на пазарот е растот на продажбата на „SUV“ и кросовер возилата.

Сепак, аналитичарите оценуваат дека главната причина за малата продажба на кабриолети во Европа и Северна Америка, е големата застапеност на моделите со големи, подвижни панорамски прозори на покривите, кои се застапени во сите автомобилски сегменти.

На тој начин, купувачите со помала цена во однос на кабриолетите можат да добијат возило со слична намена, во кое кога ќе посакаат можат да имаат чувство на возење со отворен покрив.

Некои производители веќе ги препознаат ваквите пазарни движења, па започнаа да укинуваат некои од моделите на кабриолети. „Volkswagen“, на пример, не планира наследник на моделот „Eos“, a Извршниот директор на оваа групација, Мартин Винтеркорн, изјави дека за целта „VW“ групација доволни се само два кабриолети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП