На специјална прес-конференција вчера „Аpple“ ги претстави новите верзии на таблетите „iPad Air“ и „iPad Mini 3“, кои ќе бидат понудени и во нова боја – златна.
Моделот „iPad Air 2“ ќе има подобра камера, побрз процесор и барометар. Тој, исто така ќе има можност за препознавање на отпечатоци. Новиот таблет ќе може да врши плаќања преку услугата „Apple Pay“.
Таблетот кој е подобрена верзија на актуелниот „iPad Air“, ќе е за 18% потенок од својот претходник, па неговата дебелина е од 6.1 мм. Овој уред има екран со големина од 9.7 инчи. Оперативната меморија на таблетот е удвоена до 2 GB, а камерата е од 8 мегапиксели, наспроти 5-мегапикселната во првата верзија. Цената на таблетот со 16-гигабајти започнува од 499 долари.
Моделот „iPad Mini“ e со 7.9-инчен екран со резолуција од 2048 × 1536 пиксели и скенер за отпечатоци „Touch ID“. Тој располага со процесор „A7“ и копроцесор „M7“ – истите кои се користат во претходната верзија, како и истата 5 мегапикселна камера. Таблетот е со дебелина 7,5 mm и тежи 330 грама. Цената на „iPad Мini 3“ започнува од 399 долари за верзијата со 16GB.