23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVertu for Bentley: Смартфон кој чини колку 20 iPhone уреди (фото+видео)

Vertu for Bentley: Смартфон кој чини колку 20 iPhone уреди (фото+видео)

Vertu_bentli

Производителот на луксузни автомобили „Bentley“ и мајсторите на луксузни телефони „Vertu“ го покажаа својот заеднички производ. Тоа е паметен телефон од последната генерација, кој се нуди по цена од 10.700 фунти.

Телефонот е наречен „Vertu for Bentley“, што веројатно значи дека е погоден додаток за автомобилите на британската марка. Уредот работи со оперативниот систем „Android 4.4 KitKat“ и има „quad-core“ процесор „Qualcomm Snapdragon 801“ (2,3 GHz). Внатрешната меморија има 64 GB, а екранот е 4,7 инчен со резолуција од 1080p и специјално обложен со сафир.

Vertu_bentli1

Димензиите на уредот се 145 мм во должина, 69 мм ширина и 10.65 мм дебелина. Тежината е 192 грaма. Телефонот има две камери, од кои задната е од 13 МР, додека предната е од 2,1 МР.

Уште поважно, како кај секој телефон „Vertu“, се употребените материјали. Модерниот „Vertu for Bentley“ е прекриен во висококвалитетна телешка кожа во типичната боја за „Bentley“ – „Newmarket Tan“, која е дополнета со стилски дијамантски шевови. Конструкцијата е од титан, а во предниот дел на телефонот е поставено логото на „Bentley“.

Новиот телефон на двата британски брендови веќе може да се купи во специјализираните продавници на „Vertu“. Цената на уредот е 10.700 фунти, а бројката на примероци е ограничена на точно 2.000.

Автомобилскиот производител нуди и други заеднички создадени луксузни производи, меѓу кои мебел, скии, пенкала, паричници, часовници, парфеми, чанти и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП