26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle официјално ги претстави Nexus 6 и Nexus 9 (фото+видео)

Google официјално ги претстави Nexus 6 и Nexus 9 (фото+видео)

go nexus

Вчера „Google“ го претстави долгоочекуваниот фаблет „Nexus 6“ на специјален настан. Фаблетот, кој ќе го замени актуелниот „Nexus 5“, е со дисплеј од 6 инчи со резолуција од 2560 x 1440 пиксели и ќе може да се нарача од 29-ти октомври.

go nexus1

Главните карактеристики на уредот што ќе го произведува „Motorola“ се „quad-core“ процесор „Snapdragon“ со такт од 2.7-GHz, како и најновата верзија на „Android“ – „Lollipop“. Фаблетот има 13-мегапикселна камера и се нуди во две варијанти – со 32 и 64 GB внатрешна меморија.

Уредот ќе се нуди со т.н. „суперчарџер“, кој ќе дава можност за брзо полнење на фаблетот за употреба до 6 часа за само 15 минути. Новиот оперативен систем има посебен режим на штедење на батеријата, кој ќе ја продолжува нејзината издржливост до 90 минути.

Цената на фаблетот се очекува да е 649 долари без договор, а до крајот на годината тој ќе е на располагање во 28 земји во светот од Азија, Европа и Северна Америка.

go nexus2

Заедно со новиот фаблет, „Google“ го претстави и 8.9-инчниот таблет „Nexus“. Тој ќе го произведува од тајванската компанија „HTC“.

Резолуцијата на екранот ќе биде од 2048 x 1536 пиксели, а оперативниот систем повторно ќе е „Аndroid Lollipop“. Процесорот на таблетот ќе биде 64-битен, а ќе се нуди во две варијанти со 16 и 32 GB внатрешна меморија.

Оперативната меморија е од 2 GB. Таблетот ќе има 8 мегапикселна задна и 1.6-мегапикселна предна камера. Батеријата ќе биде од 6700 mAh. Благодарение на тастатурата, таблетот може да се користи во голема мера како лаптоп. Цената на уредот се уште не е позната, а тој ќе биде на располагање за пред-нарачки од 17-ти октомври и ќе се испорачува во ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП