Британската компанија „Kazam“ го произведе смартфонот „Tornado 348“ кој користи оперативен систем „Android“, има „octa-core“ процесор со такт од 1,7GHz на „MediaTek“ и 1GB RAM. Неговата цена изнесува 313 евра.
Уредот доби 4.8-инчен „Full HD“ екран со резолуција од 1280×720 пиксели, 16GB интерна меморија и две камери – од пет и осум мегапиксели.
Судејќи според фотографијата, „Tornado 348“ има „позајмено“ некои елементи од „iPhone 6“ и „Sony Xperiа Z3“, но е потенок од двата уреди за 2mm. Неговата дебелина изнесува 5,15 mm.
За споредба само, дебелината на „iPhone 6“ изнесува 6,9 mm, кај „Sony Xperiа Z3“ е 7,3 mm, a пак кај „Samsung Galaxy S5“ е 8,1 mm.