Првиот „Facebook“ паметен телефон кој го направи компанијата „HTC“ беше тотален неуспех, и беше повлечен од пазарот само два месеци по стартот на продажбата. Дури ни „Facebook Home Android Launcher“ (апликација која во целост го менуваше интерфејсот) не го привлече вниманието на луѓето, без оглед на тоа, интернет гигантот според најновите информации, има желба уште еднаш да се обиде на пазарот на смартфони.
За производство на новиот „Facebook“ телефон ќе биде задолжена познатата компанијата „Samsung“.
Имено, Марк Цукерберг се сретнал со потпретседателот на „Samsung“, Ли Џеј Јонг во Јужна Кореја, каде разговарале за „футуристичките деловни проекти“.
Нормално, на сите првата помисла им е дека челниците на двете компании се сретнале за да разговараат за новиот телефон, меѓутоа, можеби станува збор за стратегискиот обид на „Facebook“, уредите на „Samsung“ да се продаваат со однапред инсталирана апликација на оваа друштвена мрежа.