28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИQik е новата апликација на Skype (видео)

Qik е новата апликација на Skype (видео)

skype qik 2

Дали се сеќавате на сервисот за видео стриминг наречен „Qik“? „Skype“ пред неколку години ја купи оваа компанија и ја затвори нивната апликација, меѓутоа, „Qik“ сега се враќа во нов формат.

Апликацијата сега се нарекува „Skype Qik“ и е фокусирана на видео пораки.

Корисниците можат да организираат група на пријатели и брзо и лесно да испраќаат кратки видео снимки, а доколку некогаш сакате да го избришете видеото, можете – апликацијата автоматски ги брише содржините по две недели.

„Skype Qik“ нуди лесно создавање на групна конверзација, испраќање на однапред снимени видео содржини, како и бришење на пораките од конверзацијата.

Тоа што е интересно е дека истиот момент може да се започне конверзација со пријателите, затоа што не се потребни кориснички имиња и шифри.

Доколку барате нов начин за комуникација со пријателите, „Skype Qik“ би можел да биде вистинското решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП