Ако сте вистински моден манијак, не може да го чувате вашиот нов „iPhone“ во футрола од 5 долари. Безброј дизајнери нудат свои луксузни модели, а ова се 10-те најскапи во светот:
10) Со „Swarovski“ кристали – цена: 239 долари.
Се продава со неколку дополнителни кристали, во случај некои да паднат.
9) „Louis Vuitton“ – цена: 330 долари.
Се разбира, еден од најлуксузните брендови во светот нуди свој футрола за „iPhone“. Таа е од кожа, а однатре е од микрофибер, за да чува телефон од гребење.
8) Модел од крокодилска кожа на „Gucci“ – цена: 495 долари.
Моделите тип „џеб“ генерално се поевтини. Но, не ако се од крокодилска кожа.
7) „Dolce & Gabbana“ – цена: 595 долари.
Моделот е од кожа, а има ланче и украси во стилот на „Dolce & Gabbana“.
6) „Gresso“ – цена: 1.000 – 10.000 долари.
Грбот може да биде од алигаторска кожа. Подголемиот дел е од титаниум.
5) Цветна футрола – цена: 1.495 долари.
Орнаменти на него се рачно поставени. Има „пиратска“ верзија за 30 долари, која изгледа слично.
4) „Case-Mate“ – цена: 4.271 долари.
Тука нема дијаманти, ниту крокодилска кожа и покрај тоа цената е доста висока!
3) „Brikk“ – цена: 4.430 долари.
Направен е од титаниум, кој го штити добро телефон.
2) „Miansai 14 Carat Gold Case“ – цена: 10.000 долари.
Доколку не го ставите телефонот во 14-каратно злато, нема да има никави сомнежи дека сте богати.
1) Модел „Dragon and Spider Case“ на „Anita Mai Tan“ – цена: 880.000 долари.
Оваа футрола е изработена од 18-каратно злато и дијаманти.