23 февруари, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрекин во Белград, победа за Португалија во Копенхаген

Прекин во Белград, победа за Португалија во Копенхаген

srbija-albanija

Дуелот меѓу Србија и Албанија што синоќа се играше во Белград не го дочека својот крај откако во 42.минута дојде до инцидент на теренот.

Летало со далечинско управување се појави на Стадионот „Партизан“ со знаме на кое беше исцртана
карта на голема Албанија.

По ова имаше немили сцени меѓу играчите, а на теренот влегоа и навивачи. Судијата Мартин Еткинсон го прекина мечот, а подоцна во консултации со делегатот реши дека неможе да се продолжи.

На дербито на синоќешните квалификациски дуели за ЕУРО 2016, Португалија со голот на Кристијано Роналдо во последната минута (90+5) ја победи Данска во Копенхаген.
Резултати и табели:

Д група: Полска – Шкотска 2:2, Германија – Република Ирска 1:1, Гибралтар – Грузија 0:3.
Табела: Полска 7, Р.Ирска 7, Германија 4, Шкотска 4, Грузија 3, Гибралтар 0.

Е група: Сан Марино – Швајцарија 0:4.
Табела: Англија 9, Словенија 6, Литванија 6, Швајцарија 3, Естонија 3, Сан Марино 0.

Ф група: Фарски Острови – Унгарија 0:1, Финска – Романија 0:2, Грција – Северна Ирска 0:2.
Табела: Северна Ирска 9, Романија 7, Унгарија 4, Финска 4, Грција 1, Фарски Острови 0.

И група: Данска – Португалија 0:1, Србија – Албанија прекината.
Табела: Албанија 4, Данска 4, Португалија 3, Србија 1, Ерменија 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП