23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто можеме да очекуваме од новиот iPad Air 2?

Што можеме да очекуваме од новиот iPad Air 2?

ipad air 2 nov

Неодамна „Apple“ не се прави многу добро со задача да ја запази мистеријата околу новите уреди, откако на интернет беа откриени информации со доста голема точност за тоа што можеме да очекуваме. Дали е сличен и случајот и со новиот таблет „iPad Air 2“?

Според податоци на „iTech Post“, новиот уред ќе биде официјално претставен на настан овој четврток, заедно со уредот „iPad mini 3“.

Новиот „iPad Air 2“ се очекува да има процесор „A8X“, или подобрената верзија на чипот „А7“ кој се користи во сегашните таблети „iPad Air“. Тој најверојатно ќе биде со големина на екранот од 9.7 инчи. Новиот чип му дава на таблетот исклучителни графички можности, далеку подобри од оние обезбедени од чипот „А8“ во смартфоните „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“. Новиот чип ветува подобра и повисока резолуција, како за сликите, така и за видеата.

Најверојатно отпечатоци за препознавање ќе се одвива од главното копче на новиот уред. Телото на таблетот ќе е тенко и нежно, а според гласините, тоа ќе е само 7 милиметри, додека оперативната меморија ќе биде удвоена до 2 GB.

Новиот „iPad Air 2“ се очекува да има подобра камера од претходниот модел, можеби од 8 мегапиксели (за разлика од сегашната верзија која има од 5 мегапиксели), а се очекува да се нуди, освен во сребрена и црна, и во златна боја. Моделот најверојатно ќе има 128 GB внатрешна меморија.

Имаше шпекулации дека на настанот во четвртокот може да биде претставен уште еден модел на таблет – „iPad Pro“, кој ќе е со 12,9-инчен дисплеј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП