28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ги собра сите награди на овогодинешниот настан Automotive Brand Contest

Audi ги собра сите награди на овогодинешниот настан Automotive Brand Contest

Audi_Logo222

Новиот Audi TT: Дизајнерска иновација на годината

Vorverkauf fuer den Audi TT startet

Audi ги собра сите награди овогодинешниот настан Automotive Brand Contest. Новиот Audi TT  беше крунисан со наградата „Дизајнерска иновација на годината“. Матрикс LED светлата кај Audi A8 ја освоија титулата „Најдоброто од Најдобрите“.„Automotive Brand Contest“ е меѓународно дизајнерско натпреварување на автомобилските брендови. Наградите ги доделува „Германскиот Совет за Дизајн“. Покрај овие престижни награди Audi беше награден и за моделите: Audi А3 Лимузина, Audi allroad shooting brake и “Луфт” дизајнерската фотелја која беше направена од страна на дизајнерите на Audi во партнерство со Валтер де Силва и салонот за мебел Poltrona Frau.

Тројна победа за Audi на „ADAC“ – анкета за испитување на задоволството на клиентите

Audi A1 (14) 333

Audi победи во три категории на овогодинешната ADAC анкета за испитување на задоволството на клиентите: Audi А1 е на врвот во категоријата мали автомобили, Audi А5 трет пат по ред  ги доби највисоките оценки во категоријата автомобили од средна големина, додека пак Audi А6 ја одбрани титулата во својата категоријата. Анкета за испитување на задоволството на клиентите „ADAC“ одредува колку се среќни возачите со своите автомобили.

Злато за Audi на Euro-Effie наградите

Audi-A3-Sportback-17

“Пожестоко, подобро, побрзо, посилно”: Audi го освои златото на Euro-Effie наградите во категоријата „Најдобра демонстрација на интегрирана ефективност“ за кампањата на Audi A3 Sportback. Euro-Effie наградите се доделуваат еднаш годишно од страна на жирито составено од експерти за комуникации и маркетинг. Маркетинг агенција thjnk е првенствено одговорна за воспоставувањето на овие награди.

Audi S1 ја освои Autonis наградата

Audi S1 Sportback

Audi S1 ја освои највисоката Autonis награда во категоријата мал автомобил. Наградите ги доделува реномираното автомобилско списание  auto motor und sport. Компактниот спортски автомобил освои 33,3% од гласовите на читателите. Autonis наградите се доделуваат за најдобрите дизајнерски иновации. Повеќе од 17 000 читатели учествуваа во гласањето.

Две „sport auto“ награди  за Audi

Audi RS 6 Avant

Две први места освои Audi оваа година на доделувањето на „sport auto“ наградите: Audi  RS 6 Avant го зазеде првото место во категоријата „седан / караван над 100 000 евра“. Audi S1 се искачи на врвот во својата категоријата. Вкупно 15 551 читатели на магазинот учествуваа во гласањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП